Вардар про и Металург одиграа одличен меч, каков што всушност и му доликува на едно финале од националниот Куп на Македонија. И двете екипи имаа свои моменти на доминација, желбата за победа беше очигледна па на моменти доаѓаше и до тензија на теренот, но тоа е сосема нормално кога влогот е пехарот во најмасовното ракометно натпреварување во државата. Металург беше достоен противник, но на крајот се радуваше Вардар про, спречувајќи го лутиот ривал повторно да доје до двојната круна и да го продолжи своето апсолутно владеење во македонскиот ракомет. Титулата во домашното првенство ќе остане како утеха за „металурзите“, додека „вардарци“ овој трофеј ќе го искористат како мотив повеќе за догодина да атакуваат и на пехарот во тоа натпреварување.
