Прва лига


Сосема очекувано ракометарите на Вардар Про се првите финалисти во годинашново „фајнл-фор“ издание од Купот на Македонија, откако во полуфиналната пресметка во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје премногу лесно на убедлив начин го совладаа Пелистер со 42-17 (16-8).

 

Единствено низ првите неколку минути младиот состав на Пелистер им парираше на „вардарци“ се до 4-4 за да потоа со серија од 10-1 „црвено-црните“ дојдат до предност од 14-5 одржувајќи ја до крајот на првиот дел кој заврши со 16-8.

 

Апсолутната доминација составот на Веселин Вујовиќ ја потврди во второто полувреме кога за десеттина минути се дојде до предност од убедливи 20 гола разлика, 41-11. Сето тоа на крајот, низ еден полесен тренинг натпревари, Вардар Про го заокружи со конечни 42-17.

 

Најефикасни во победничкиот тим беа Јовчевски и Ојлески со по девет постигнати гола, додека во спротивниот табор по четири гола постигнаа Бошевски и Димитровски.

 

Вардар Про, на овој начин, се избори за своето 13-то финале во Купот на Македонија, очекувајки го победникот од натпреварот меѓу Металург и Куманово кој стартува денеска од 20:15 часот. „Црвено-црните“ досега имаат седум трофеи во ова натпреварување.

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.