Прва лига


Вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер донесе многу неверојатни моменти, допадлив фудбал, четири гола, но и влегување на навивачите среде терен, жестоки тепачки со полицијата, а „трето полувреме“ имаше и по завршување на мечот низ улиците на Скопје. Ниту „Комити“, ниту „Чкембари“ не треба да се гордеат со вечерашното нивно однесување, иако нивното навивачко его можеби се наполни со пресметките со полицијата и со влегувањето на теренот на арената „Филип Втори“. Од друга страна, полициските органи уште еднаш потклекнаа во организацијата и во обезбедувањето на навивачките групи на стадионот, но и надвор од него.
 
Погледнете како изгледаше ова лудо дерби, низ окото на ЕКИПА.
      
  
 
Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.